Top Sport

Барса поразена на контролата со Салцбург

Барселона одигра контролен меч против австрискиот шампион Ред бул Салцбург, и иако даде гол во 83. минута за израмнување, не успеа да се спаси од 2:1 пораз и покрај тоа што на теренот влегоа со силен тим.

Хрватскиот тинејџер Лука Сучиќ во 43. минута од мечот постигна фантастичен гол од огромна далечина за водство на австрискиот тим, пред Мартин Брејтвајт во 83. минута да израмни за тимот на Роналд Куман. Сепак, во 90. минута од мечот, младиот Американец Брендан Аронсон донесе победа за Салцбург.

Scroll to Top