Top Sport

Барса потпишa со Видал, навивачите на Реал се „наострени“

Барселона го комплетираше трансферот на Артуро Видал од Баерн Минхен откако се договори за личните услови со чилеанскиот играч од средниот ред во трансфер вреден околу 30 милиони евра.

Се очекуваше 31-годишниот Чилеанец, кој дојде во Баерн во 2015 година од Јувентус, да потпише договор со Интер, но по средбата со официјалните луѓе на Барса минатата недела, стана последното засилување за Каталонците, кои веќе го донесоа францускиот дефанзивец Клемен Ленгле и бразилската двојка Артур и Малком.

Овој потпис ќе ги заостри односите на вечните ривали Барселона и Реал Мадрид, бидејќи Видал е еден од луѓето кои никогаш не ја криеле омразата кон „кралскиот куп“. Сѐ започна во четврт-финалето на ЛШ во 2016/17 помеѓу Баерн и Реал. Баерн водеше со 1:0 во првиот меч во Баварија, а откако се избори за пенал, тој го утна, пред во второто полувреме Реал да се врати со два гола на Кристијано Роналдо. Во реваншот кога беше 3:3, Реал Мадрид постигна три гола во продолжението, откако Видал беше исфрлен поради втор жолт картон.

„Овој грабеж не смее да се случува во Лигата на шампионите“, се налути Видал тогаш.

Минатата сезона, тој реагираше по драматичниот и контроверзен меч меѓу Јувентус и Реал на „Бернабеу“, кога Кристијано Роналдо доби пенал во 93. минута од мечот, нарекувајќи го судијата „криминално гомно“. Коментарот за Реал беше едноставен: „Стаорци!“.

„Ел класико“ оваа сезона ќе биде поинтересно поради Чилеанецот.


Scroll to Top