Top Sport

Барса пред договор со Кеси

Барселона се на чекор да го обезбедат потписот на Франк Кеси од Милан на слободен трансфер ова лето, тврдат шпанските медиуми.

25-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска има договор со „росонерите“ до крајот на сезоната и нема да го обнови договорот бидејќи бара повисока плата од тоа што може да си го приушти клубот. Спортскиот директор на клубот, Паоло Малдини минатата сезона веќе пушти двајца фудбалери да заминат по крајот на договорите, Џанлуиџи Донарума (кој замина во ПСЖ) и Хакан Чалханоглу (кој отиде кај лутите ривали Интер).

Според „Диарио спорт“, Барселона преговара со агентите на Кеси подолго време и успеале да ги убедат да прифати пониска плата од очекувањата и сакаат што е можно побргу да имаат сигурен договор.

Кеси во 26 настапи за Милан оваа сезона има 6 гола и 1 асистенција.

Scroll to Top