Top Sport

Барса продава напаѓач и тоа „под цена“!

По една ипол година откако Данецот Мартин Брајтвајт потпиша за Барселона, клубот од „Ноу Камп“ е подготвен да го продаде напаѓачот, и тоа „под цена“.

Брајтвајт стигна во Барса за 18 милиони евра, а сега може да го напушти каталонскиот клуб за сума од 15 милиони евра, јавува „sport.es“.

Наводно, клубот има повеќе понуди за данскиот репрезентативец откако во напаѓачкиот ред дојдоа Мемфис Депај и Серхио Агуеро.

Брајтвајт настапување во просек по 40 минути на меч, одигра 29 меча со само 2 постигнати гола и 3 асистенции.
Интерес за неговите услуги пројавуваат премиерлигашите Вест Хем, Норич и Брајтон.

Scroll to Top