Top Sport

Барса, Реал и Челси во лов на ѕвездата на Њукасл, Бруно Гимараеш

Барселона, покрај Реал Мадрид и Челси, се заинтересирани за бразилската ѕвезда на Њукасл, Бруно Гимараеш и се подготвени за наддавање за фудбалерот од средниот ред, јавуваат британските медиуми.

Според „Сан“, откако се „оладил“ интересот за Бернардо Силва од Манчестер сити, каталонскиот клуб ќе се фокусира на 24-годишниот Гимараеш, кој оваа сезона блесна за Њукасл, помагајќи тимот да влезе во топ 4.

Њукасл платија 40 милиони фунти на Лион за Гимараеш минатото лето, откако тој ја одби понудата од Арсенал и веќе стана миленик на публиката со седум гола и три асистенции и импресивна игра во средниот ред.

Scroll to Top