Top Sport

Барса се договорила со Рафиња, се чека Лидс?

Барселона е на чекор од потписот на бразилската ѕвезда на Лидс јунајтед, Рафиња, откако се договориле за личните услови со него, тврди каталонскиот „Спорт“.

Ова доаѓа откако Лидс веќе одбиле понуда од 35 милиони фунти за Рафиња, и очекуваат барем 50 милиони фунти за 25-годишниот напаѓач, но откако стана јасно дека Бразилецот го сака трансферот, сега притисокот е кај премиерлигашот.

Рафиња има 9 гола и 3 асистенции во Премиерлигата оваа сезона, и е еден од најзаслужните што слабите Лидс уште не се во зоната за испаѓање оваа сезона.

Scroll to Top