Top Sport

Барса се обидува да се „скрпи“ за да си ја дозволи позајмицата на Жоао Феликс

Барселона се надева дека во последните 24 часа ќе ги договори трансферите на десниот бек на Манчестер сити, Жоао Кансело и на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс, иако воопшто не се задоволни од финансиските побарувања на своите шпански ривали.

Чави Ернандез наводно инсистира на овој трансфер, а Атлетико се подготвени да го пуштат Феликс, кој одамна не е во плановите на тренерот Диего Симеоне, но според шпанските медиуми не планираат да им олеснат на своите ривали. „Лос колчонерос“ прво бараат 8 милиони евра за годишната позајмица, а уште поголем проблем претставува барањето Барселона да покрие 100 отсто од платата на Португалецот.

Токму ова е главна пречка за реализација на трансферот, бидејќи финансиската ситуација на каталонскиот гигант, ги ограничува платите кои ги исплаќаат на фудбалерите, бидејќи во спротивност Ла лига нема да им го регистрира засилувањето.

Scroll to Top