Top Sport

Барса се „олади“ за Мората, следна цел е Обамејанг

По комплетирањето на најавениот трансфер на Адама Траоре, Барселона ќе се концентрира на решение на позицијата на напаѓач, но бидејќи првата цел Алваро Мората е „недостапен“, тие ќе се фокусираат на Пјер-Емерик Обамејанг, „отпадникот“ од Арсенал.

Според „Марка“, договорот за Мората, кој е на позајмица во Јувентус од Атлетико Мадрид, станува невозможен бидејќи Атле бараат постојан договор, а не нова позајмица, посебно во директен ривал во Ла лига.

Бидејќи до крајот на преодниот рок во понеделник има само три дена, полесна задача е да се реализира трансферот на 32-годишниот Обамејанг, кој е „замрзнат“ кај „топчиите“ по конфликтот со менаџерот Микел Артета.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');