Top Sport

„Барса требаше да го продаде Меси“

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо, смета дека Барселона минатото лето требале да го пуштат Лионел Меси, како што во 2019 година Реал го пуштиле Кристијано Роналдо.

„Направија грешка. Требаше да го продадат. Реал тоа го направија со Кристијано Роналдо. Го искористија моментот и заработија 100 милиони евра“, рекол Ривалдо за „Goal. com“.

Ривалдо играше за Барселона од 1997 до 2002 година, а во 1999 година ја освои „Златната топка“.

Барселона се наоѓа во голема финансиска криза, долговите на клубот се проценуваат на милијарда евра.

„Јасно е дека клубот ќе мора да продава. Среќа за Барселона е што има играчи кои се ценети во фудбалот: Гризамн, Дембеле, Кутињо…Ова е шанса за нов почеток, почеток кој нема да биде лесен, но мора да се случи“.

Scroll to Top