Top Sport

Барса уште не добила понуда за Гризман

Иако е поврзуван со трансфер во повеќе клубови ова лето, Антоан Гризман и Барселона засега не добиле ниту една понуда. Барса е во незавидна положба да мора да крати на платите за да може да го осигура новиот договор на Лео Меси, а се верува дека еден од клучните е токму францускиот репрезентативец.

Неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид покажа најмногу интерес за Гризман, но тие не сакаат да дадат пари туку сакаат трампа со Саул Нигуез. Според каталонските медиуми, Барселона контактирала со Манчестер сити за можна трампа со Ријад Марез, Ајмерик Лапорт или Рахим Стерлинг, но не добила конкретен одговор.

Од друга страна, се верува дека Гризман не се брза – тој има договор до 2024 година и јавно изјави дека сака да го испочитува договорот пред да направи трансфер во САД, каде што би ја завршил кариерата. Притисокот, секако, е на страна на Барселона.

Scroll to Top