Top Sport

Барса во Лондон, кошмар за Кутињо – му ја ограбија куќата, „пајак“ му ја собра колата…

Филип Кутињо немаше најдобри 24 часа во новиот град Барселона, откако покрај тоа што му беше ограбен домот, неговото „Ауди“ беше одвлечкано од пајак-службата откако тој непрописно се паркираше во близина на „Саграда Фамилија“ на прошетка со пријателите.

Претходно, Кутињо, кој во јануари направи трансфер од 142 милиони фунти од Ливерпул во Барселона, доби уште лоши вести – неговиот дом бил ограбен во понеделникот навечер додека тој бил на вечера со семејството.

Според шпанскиот весник „Спорт“, кога Бразилецот се вратил дома во 1.30 часот наутро и начекал обиена врата. Иронично, куќата во која живее Кутињо му беше обезбедена од неговиот сосед Луис Суарез уште пред тој да го потпише договорот со Барселона. Кутињо и Суарез играа заедно и во Ливерпул.

Кутињо не отпатува со своите соиграчи во Лондон, каде што Барса ќе игра со Челси, бидејќи веќе настапи за Ливерпул во групната фаза на Лигата на шампиони.

Scroll to Top