Top Sport

Барса во огромни долгови, Лапорта сака партнерство Роналдо-Меси

Шпанскиот спортски весник „АС“ тврди дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сонува да го донесе Кристијано Роналдо во партнерство со Лионел Меси на „Ноу Камп“ и покрај тоа што последните финансиски резултати на каталонскиот гигант покажуваат огромна дупка во буџетот на клубот.

Економската ситуација на Барса носи големи проблеми во плановите на Лапорта за градење на силна Барса, но „АС“ тврди дека обновувањето на договорот со Меси е формалност, бидејќи неговиот татко и агент, Хорхе Меси веќе е во Барселона каде што ги договара условите под кои ќе му бидат исплатени платите. Меси има понуди со кои би заработувал тројно повеќе, но тој сака да остане во Барселона со своето семејство.

Утопијата на Лапорта е да ги здружи Кристијано и Лео, двајцата најдобри фудбалери во последната деценија, посебно откако има многу гласни шпекулации дека  тој е подготвен да си замине од Јувентус. Како Барселона би си дозволила две ѕвезди со огромни плати во тимот и покрај ограничувањата на Ла лига, останува нејасно.

Scroll to Top