Иако имаше многу критичари на методите на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, по крајот на летнит преоден рок, каталонскиот клуб успеа драстично да ги намали трошоците за плати, со фантастични 162 милиони евра помалку на годишно ниво за сам 12 месеци, тврди „Спорт“.
Според нивните податоци минатото лето, Барса имала трошок од 566 милиони евра за плати, сума која е намалена за 162 милиони евра, за 405 милиони евра, што претставува пад од 54 отсто во целосните трошоци на клубот.
Во текот на летото, Барселона ги доби Ориол Ромеу, Жоао Кансело, Жоао Феликс, Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, што ги чинеше 51 милиони евра (во плати и трансфери), додека продадоа играчи во вредност од 81.5 милиони евра. Вкупно, со заштедата за плати и парите заработени од трансфери, Барса е во плус 78 милиони евра.