Top Sport

Барса замената за Бускетс ја најде во Рубен Невеш, Чави не се согласува

Според „Атлетик“, Барселона го идентификувале фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш како совршена замена за капитенот Серхио Бускетс, кој ги отслужува своите последни шест месеци од договорот.

Според нивните извори, тренерот Чави Ернандез сака да го убеди Бускетс да остане уште една сезона, иако тој има богати понуди од Саудиска Арабија да стане соиграч на Кристијано Роналдо во Ал-Наср. Претседателот Жоан Лапорта пак, смета дека приказната со Бускетс е завршена и би сакал да го оствари трансферот на португалскиот репрезентативец Невеш, кој има уште една година од договорот со премиерлигашот. Неговиот агент, Жорге Мендеш има одлични односи со Лапорта и тоаа може да биде клуч на договорот.

Чави, пак, не е убеден во квалитетот на Невеш да биде замена за Бускетс, како единствен дефанзивец играч од средниот ред во тимот. Тој би го преферирал Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, кој има отпусна клаузула од 60 милиони евра.

Scroll to Top