Фабијан Руиз е еден од најталентираните млади шпански фудбалери. Играчот на Наполи веќе извесен период бил будно следен од скаутите на Барселона. Инаку, во летниот преоден рок интерес за него покажувал и Реал Мадрид.
Викендов, спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, бил во Лече каде го гледал натпреварот помеѓу домашниот тим и Наполитанците.
Италијаните тврдат дека Абидал бил во Лече да го гледа Руиз, додека од Барселона тврдат дека спортскиот директор на стадионот „Виа дел Мар“ договарал потенцијално партнерство со Лече.
Барселона покажува интерес, меѓутоа Наполи нема така лесно да се откажат од него. За Руиз клубот веќе подготвиле нов договор, иако актуелниот му истекува за четири години. Во новиот договор ќе има и отпусна клаузула, а Руиз би добил плата од три милиони евра плус одредени бонуси.