Top Sport

Барселона беше и елиминирана, и казнета за расизам

Фудбалскиот клуб Барселона е казнет поради расистичко однесување  на своите навивачи на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, пренесува „Би-Би-Си“.

Покрај расизмот, УЕФА ја обвини Барса и за палење огномет и нанесување штета на „Паркот на принцовите“. Шпанскиот клуб ќе мора да плати казна од 32.000 евра (27.000 фунти).

Барса победи во Париз со 3:2, но загуби во вторникот на домашен терен со 4:1 и испадна од Лигата на шампионите.

Покрај паричната казна, на Барселона и беше забрането да продава билети на своите симпатизери за нивниот следен натпревар во натпреварувањето под УЕФА како казна за расистичко однесување, иако забраната беше суспендирана на пробен период од една година.

Барселона исто така мора да стапи во контакт со Пари Сен Жермен во рок од 30 дена за да ја подмири штетата предизвикана од навивачите на стадионот.

 

Scroll to Top