Барселона е подготвена да го донесе на „Ноу Камп“ фудбалерто на Атлетико Мадрид Томас Парти, тврди порталот „Ghanasoccernet.com“. Според овој извор Барселона биле подготвени да ја активираат откупната клаузула која ја има Парти во својот договор.
Парти може да замине од Атлетико доколку заинтересираниот клуб плати 50 милиони евра.
Според порталот од Гана во Барселона сметале дека Томас Парти би претставувал идеална замена за Серхио Бускетс.
Порталот тврди дека Парти нема намера да го продолжи договорот со Атлетико кој му истекува во 2023 година.
Инаку Томас Парти долго време се поврзува со Арсенал.