Top Sport

Барселона е најдобриот тим во последната деценија

Меѓунардониот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), ја прогласи Барселона за најдобар тим во последните десет години. Каталонците во периодот од 2011 до 2020 година бележаа импресивни резултати.

Добиени натпревари, освоени трофеи, бројот на постигнати и примени голови се дел од факторите врз кои ИФФХС ја составил листата на најуспешните клубови во последната деценија.

Барселона е прва со 2.877 бодови, втор е Реал кој доминираше во Лигата на шампионите во последните десет години (2.782). Во првите пет се наоѓа уште еден шпански великан, Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ се на петтото место.

Позициите три и четири се резервирани за Баерн Минхен и ПСЖ.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');