Фудбалскиот клуб Барселона ќе им ги намали платите на своите вработени се 70 отсто. Информацијата ја објави „Мундо Депортиво“, дополнувајќи дека одлуката се однесува на сите секции што функционираат во фудбалскиот клуб, меѓу другите и на кошаркарската и ракометната.
Според овој извор намалувањето ќе се смета од 13 март кога застана сезоната поради коронавирусот. Во моментот кога ќе продолжи сезоната платите ќе се вратат на нормално ниво.
За да стапи и официјално во сила оваа одлука Барселона треба да добие дозвола и од шпанските власти.