Адријен Рабио, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, откако одби да го продолжи договорот со францускиот шампион.
Челниците на ПСЖ, изминатите месеци неколку пати се обидуваше да му понуди нов договор на Рабио, но 23-годишникот решил да замине од Париз. Неколку екипи се интересираа за него, а тој решил да ја прифати понудата од Барселона.
Утрово, медиумите во Франција објавија дека Рабио со Барселона ги договорил сите услови и по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Каталонија.
Рабио во Барселона ќе игра за годишна плата од 10 милиони евра, а ќе добие плус 10 милиони евра како бонус што одбрал кариерата да ја продолжи на „Ноу Камп“. Договорот е потпишан на пет години.