Барселона во летниот преоден рок ќе донесе засилувања на левата и десната страна во одбраната. Десно се бара играч кој ќе биде поддршка за ветеранот Дани Алвеш, а лево играч кој ќе биде алтернатива за Џорди Алба.
Неколку леви бекови се поврзуваат со Барселона, најчесто се шпекулира со Хозе Гаја од Валенсија, меѓутоа „АС“, тврди дека замената за Алба на „Ноу Камп“, ќе пристигне од Виго.
Според овој извор Барселона и Селта веќе го договориле трансферот на Хави Галан.
Галан има 27 години, сезоната, во стартната постава, одиграл 29 натпревари во Примера.