Top Sport

Барселона го „краде“ засилувањето на Баерн

Сержињо Дест летово ќе го напушти Ајакс, меѓутоа како што тврдат медиумите во Холандија тој нема да заврши во Баерн Минхен туку во Барселона.

Дест би требало да пристигне на „Ноу Камп“ на местото на Нелсон Семедо кој веројатно ќе биде вметнат во трансферот на Лаутаро Мартинез од Интер.

Баерн во јануари испратија понуда вредна 20 милиони евра за Дест и според медимуте клубовите договориле Американецот да се пресели во Минхен.

Холанѓаните во петокот објавија дека се случил пресврт во неговиот трансфер и дека сега тој е блиску до договор со Барселона.

Дест е стандарден член на првиот тим на Ајкас од оваа сезона во која одигра 20 натпревари на кои забележа пет асистенции.

Scroll to Top