Луис Суарез добил одобрение од клупските лекари дека е подготвен да игра натпревари. Уругваецот пред пет месеци го оперираше коленото. Клубот потврди дека Суарез ќе биде во конкуренција за место во тимот на 13 јуни кога Барселона ќе гостува кај Мајорка.
Луис Суарез изминатите денови тренирал со првиот тим. Тој го оперираше коленото на 12 јануари. Последниот натпревар го одигра против Атлетико Мадрид во полу-финалето во Суперкупот на Шпанија.
Барселона на 11 кола до крајот на сезоната во Ла Лига, во борбата за титулата, има два бода повеќе од Реал Мадрид.