Top Sport

Барселона го сака шведското чудо од дете

Лукас Бергвал, сè уште 17-годишен шведски играч од средниот ред, стана член на стартниот тим на Ѓургарденс на крајот од минатата сезона. Со своите игри ги принудуваше скаутите на силните европски клубови да им ги пренесат впечатоците за него на претпоставените. Интерес покажа и Барселона.

Каталонскиот клуб е во финансиски проблеми и не може да им парира на понудите на конкуренцијата за фудбалски ѕвезди. Она што може да го направи е да се грижи за иднината, а Бергвал е означен како еден од играчите кои би можеле да бидат дел од иднината на клубот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да го донесе во трансфер многу помал од 15 милиони евра, но и дека шведскиот репрезентативец У-21 е заинтересиран да дојде на Камп Ноу. Тој е под договор до летото 2025 година, а Трансфермаркт го цени на пет милиони евра. Преговорите ќе започнат наскоро.

Текстот Барселона го сака шведското чудо од дете е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top