Откако им пропаднаа преговорите со Лука Јовиќ, а трансферот на Маркус Рашфорд е нереален, челниците на Барслеона ќе се обидат да го донесат на „Ноу Камп“, напаѓачот на Арсенал Александар Лаказет.
Барселона се во потрага по напаѓач кој во иднина ќе го замени Луис Суарез. Уругваецот има 32 години и полека се ближи кон крајот на кариерата.
Наводно, челниците на Барселона биле подготвени на Арсенал да им понудат 82 милиони евра за Лаказет.
Лаказет сезонава има постигнато 18 гола на 46 одиграни натпревари.