Умар Садик, напаѓачот на Алмерија, влегува во трансфер-плановите на Барселона, тврди „Мундо Депротиво“. 24-годишниот Нигериец би можел да се пресели на „Ноу Камп“ како замена за Серхио Агуеро, кој има здравствени проблеми и Лук де Јонг, кој треба да го напушти клубот.
Спортскиот сектор на Барселона подолг период го следи Садик, нивните проценки биле дека играчот не е скап и дека би бил добра аквизиција.
Садик во 2020 година од Партизан се пресели во Алмерија. В Сегунда има одиграно 55 натпревари, постигнал 27 голови, седум од нив на 15 одиграни натпревари оваа сезона.
Вредноста на Нигериецот е околу 18 милиони евра, но со оглед на интересот на Барселона, Алмерија ќе бара поголема сума.
„Мундо Депортиво“, тврди дека прв пик на Барселона е играчот на Базел, 23-годишниот Артур Кабрал. Доколку не и успее тој трансфер тогаш клубот би се насочил кон Садик.