Top Sport

Барселона го врати Бојан Кркиќ, ама на нова позиција!

Фудбалскиот клуб Барселона денеска објави дека во клубот се враќа поранешниот играч Бојан Кркиќ (31). Сепак, Кркиќ нема да е засилување за новиот тренер Чави Ернандез, туку клубот му најде работа како стручен коментатор во Барса – ТВ.

Кркиќ како младо момче дебитираше за Каталонскиот клуб кај Франк Рајкард, а со Барса освои се што можеше да се освои. Му предвидуваа врвна кариера, но никогаш не ги исполни очекувањата.

По 4 години минати на „Ноу Камп“ отиде во редовите на Рома, но и таму не се наигра, па започна со менување на клубовите. Последно играше во Јапонија, во Висел Кобе.

Поради повреда не игра за клубот, се врати во Каталонија, а Барса му понуди работа додека не се врати пак во Јапонија.

Scroll to Top