Легендарниот стадион на Барселона „Ноу Камп“ е урнат и на неговото место ќе биде изграден нов објект кој ќе го носи истото име. Стариот „Ноу Камп“ е дел од историјата, поради што клупските челници решија да заработи екстра пари и од денеска навивачите на каталонскиот клуб можат да купуват дел од тревникот на стариот стадион.
Барса отвори продавница до стадионот каде ќе продава трева од „Ноу Камп“. Тревата е сместена во мали копии на познатиот стадион и во нив има трева.
Фановите скапо ќе го платата ова задоволство. Најниската цена е 40 евра, а најскапата оди до 420 евра.
Новиот стадион треба да биде пуштен во употреба во текот на 2026 година, неговиот капацитет ќе биде 115.000 места.