Десниот бек на Бетис, Бразилецот Емерсон, ќе биде првото засилување за Барселона во летниот преоден рок.
Интересно, пред две години, Барселона заедно со Бетис го реализираше трансферот на Емерсон, од Атлетико за 12.000.000 евра. Тпгаш клубовите псотигнаа договор, Емерсон до 30.јуни 2021 година да биде играч на Бетис.
Шпанските медиуми, овој трансфер нарекоа како уште еден од сомнителните бизниси на поранешното раководство на Барселона, на чело со Џозеп Марија Баротмеу.
Иако Бетис сака да го задржи во тимот, Емерсон, немал намера да остане на „Бенито Виљамарин“.
Свесен е дека во конкуренција на Сержињо Дест може да се избори за место во Барселона.
Емерсон има 22 години, сезонава за Бетис одиграл 17 натпревари во Ла Лига.