Top Sport

Барселона најдоа тренер, Мартинез пред портите на „Ноу Камп“

Ернесто Валверде ги брои последните денови како тренер на Барселона, така барем тврдат медиумите во Каталонија. Според нив Валверде успеал да ја преживее елиминацијата од Ливерпул во Лигата на шампионите, но челниците на клубот немале да му го простат поразот од Валенсија во финалето во Купот на Кралот.

Влијателните медиуми од Каталонија, од саботата започнаа да шпекулираат со името на новиот тренер на Барселона. Вчера шпекулираа со името на Масимилијано Алегри кој замина од Јувентус, а денес во оптег е тренер чие име прв пат се поврзува со Барселона.

Станува збор за селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. Наводно во клубот биле задоволни од стилот на играта што ја форсира Маринез. Белгискиот селектор веќе бил контактиран од претставници на Барселона.

Роберто Мартинез, кој лани со Белгија го освои третото место на Светското првенство во Русија, има договор со националниот сојуз на оваа земја до 2020 година, но во тој договор не постои откупна клаузула.

Во својот коментар весникот „Спорт“ толкува дека Мартинез доколку сака да замине може тоа да го случи без последици.

Scroll to Top