Top Sport

Барселона не испратиле понуда за Кавани

Новинарот Фабрицио Романо, специјализиран за фудбалските трансфери, објави дека Манчестер јунајтед не добиле никаква понуда од Барселона за напаѓачот, Единсон Кавани.

Тој наведува дека понуди не испратиле ниту Бока јуниорс, ниту Коринтијанс, клубови со кои медиумите исто така го поврзуваа Уругваецот.

Кавани, во февруари ќе наполни 35 години, неговиот договор со Манчестер јунајтед истекува по завршувањето на сезоната. Сезонава има одиграно пет натпревари во Премиер лигата.

Изминатите неколку недели голем број медиуми шпекулираа дека Кавани бил подгoтвен да игра за Барселона и за минимална плата.

Scroll to Top