Top Sport

Барселона никогаш не го победиле Ливерпул на „Ноу Камп“

Фудбалерите на Ливерпул лесно се справија со Порто во двата четврт-финални натпревари во Лигата на шампионите и со вкупни 6:1 изборија полу-финале против Барселона.

Првиот меч овие ривали ќе го одиграа на 1 мај, на „Ноу Камп“ во Барселона. Во пресрет на тие дуели Баеселона веројатно е благ фаворит меѓутоа статистиката е убедливо на страната на Ливерпул.

Интересно, Ливерпул низ историјата никогаш не претрпеле пораз во Барселона. Четири пати тимовите играче на „Ноу Камп“, а Ливерпул има две победи, а два пати било нерешено.

Првиот меѓусебен дуел во Барселона го одиграле во 1976 година, Ливерпул победил 1:0, потоа две средби завршиле без победник во 2001 и 2002 година, а во 2007 година во осмина-финалето, во Лигата на шампионите „црвените“ славеле со 2:1.

Scroll to Top