Фудбалскиот клуб Барселона се жали на судењето во Ел Класико. Каталонците официјално го „пријавиле“ до Фудбалскиот сојуз на Шпанија судијата Хуан Мартинез Мунуера.
Реал, во сабота, победи на „Ноу Камп“ (3:1) во 181 Ел Класико во првенството на Шпанија. Во Барселона сметаат дека, дебитантот во дербито судијата Мунуера, ги оштетил кога при резултат 1:1 досудил пенал за Реал.
Жалбата на Барселона е формална, но во клубот се надеваат дека таа ќе малку ќе го наруши угледот на судиската организација.
Веднаш по натпреварот, тренерот на Барселона Роналд Куман, жестоко говорел против судиите. Според него сите одлуки биле на шета на неговиот тим.