Калиду Кулибали (27), клучниот човек во одбраната на Наполи, во јануари, би можел да се пресели во Барселона, објави „Мундо депортиво“.
Според истиот извор, раководството на шпанскиот шампион ќе понуди за Сенегалецот 65 милиони евра. Кулибали дресот на Наполи го носи од 2014 година.
Скаутите на Барселона го следеле Кулибали на натпреварот против Ливерпул, во Лигата на шампионите. Наполи го победи Ливерпул 1:0, а Кулибали заедно со стрелецот на голот Лоренцо Инсиње беше најдобриот играч на теренот.
Кулибали во Наполи пристигна од Генк за сума од 7,7 милиони евра, а во кариерата играл уште само во Мец. Минатата сезона одигра 35 натпревари во Серија А и постигна пет гола.
Barcelona are considering a €65m approach for Napoli centre-back and Liverpool transfer target Kalidou Koulibaly. (Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/eMgGbB4dH8
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 5, 2018