Со четири засилувања во зимскиот преоден рок, од кои последното за 75 милиони евра (Френки де Јонг), Барселона продолжи со „традицијата“ на скапи засилувања која трае од шокантното заминување на Нејмар во Пари Сен-Жермен.
Каталонците втор јануари трошат многу за краткотрајни и долготрајни решенија, откако претходно во четири зими (2013/14, 2014/15, 2015/16, 2016/17), Барселона не потроши ниту едно евро за засилувања во јануари.
Жеисон Мурилјо и Кевин-Принс Боатенг имаат краткотрајни договори и дојдоа по сума од милион евра, додека Жан-Клод Тодибо ќе дојде бесплатно во текот на летото. Минатата зима, Барса потроши 131.8 милиони евра, од кои 120 милиони евра за Филипе Кутињо.
По заминувањето на Нејмар во ПСЖ за рекордни 202 милиони евра, Барселона ги купи Усман Дембеле и Паулињо за 198 милиони евра, со што сумата достигнува 329 милиони евра. Во летото 2018 тие потрошија 128 милиони евра (од кои 41 милиони евра за Малком). Вкупно, од заминувањето на Нејмар, Барселона потроши 533 милиони евра.