Top Sport

Барселона преговара со Депај

Мемфис Депај е блиску до трансфер во Барселона. Клубот пред неколку недели ги започнал преговорите со фудбалерот, тврди „Мундо Депортиво“.

Покрај од Барселона, Депај имал понуди и од Јувентус, Интер и Атлетико. Овие три клуба му нудат поголема плата, но според „Мундо Депоритво“, фудбалерот имал желба да го облече дресот на Барселона.

Евентуалниот трансфер го одобрил и тренерот Роналд Куман.

Депај со 18 голови е втор стрелец во Лига 1. Холанѓанецот кариерата ја започна во ПСВ Ајндховен, а во 2015 гоина за 34 милиони евра се пресели во Манчестер јунајтед. Две години подоцна Лион за Депај платија 16 милиони евра.

Scroll to Top