Top Sport

Барселона преговара со Погба!?

Францускиот репрезентативец, Пол Погба, до крајот на преодниот рок би можел да го напушти Манчестер јунајтед, објави италијанскиот „Тутоспорт“.

Според истиот извор, претпладнево претставници на Барселона, на таен состанок во Лос Анџелес, ги започнале преговорите околу евентуалниот трансфер.

Наводно, состанок со Погба одржал Ерик Абидал, а новинарот Рафаеле Диверса, тврди дека функционерот на Барселона во САД пристигнал само поради состанкот со Погба.

Абидал инсистирал да се сретне со Погба во приватна вила, далеку од очите на јавноста, за да може да поразговара со играчот околу трансферот. „Тутоспорт“, тврди дека 25-годишниот фудбалер позитивно одговорил на предлогот на Барселона.

Јавна тајна е дека Погба не е во добри односи со менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо и дека поради тоа сака да го напушти клубот. Поради тоа „Тутоспорт“, пишува дека во наредните денови Барселона ќе испрати официјална понуда до Манчестер јунајтед за трансферот на Погба.

Светскиот шампион со Франција, во Манчестер јунајтед пристигна во 2015 година за тогаш рекордни 105 милиони евра од Јувентус.

Scroll to Top