Top Sport

Барселона сакале да го вратат Иниеста

Смената на тренерот, лошата форма, повредите на Луис Суарез и Усман Дембеле, односно расправата на релација Лео Меси Ерик Абидал и елиминацијата од Купот на Шпанија ја ставија Барселона во центарот на вниманието на светските медиуми.

Попладнево каталонскиот „Спорт“ објави, а потоа информацијата ја потврди и „ТВ3“ дека челниците на Барселона се обиделе да го вратат Андрес Иниеста на „Ноу Камп“.

Минатиот месец Абидал го контактирал Иниеста. Идејата била тој да потпише договор до крајот на сезоната, но двете страни не успале да постигнат договор.

Иниеста по 16 години во 2018 ја напушти Барселона и се пресли во Јапонија во екипата на Висел Кобе со која денес го освои трофејот во Суперкупот.

Иниеста со Барселона ги освоил сите трофеи во клупскиот фудбал. За каталонскиот великан одиграл 442 натпревари на кои постигнал 35 гола.

Scroll to Top