Top Sport

Барселона се обидува да го направи невозможното и да го донесе Мбапе

Неверојатниот развој на настаните околу иднината на Килијан Мбапе продолжува, откако како неверојатен „џокер“ во целата ситуација се појави Барселона, која преговара со Пари Сен-Жермен за трансфер на Французинот, веднаш по вестите дека саудискиот Ал-Хилал дава 300 милиони евра за Французинот.

Оваа вест прво ја најави францускиот спортски весник „Л’Екип“, кој посочи дека Барса и ПСЖ имале „електронски“ состанок на кој се договарале условите за трансфер. Финансиски, се чинеше дека вакво нешто е невозможно, посебно поради добро познатите проблеми на Барселона за регистрација на своите нови играчи, Илкај Гундоган, Ориол Ромеу и Ињиго Мартинез.

Ова би значело дека Барселона може да понуди само некој од своите фудбалери како трампа, а останува и прашањето дали Мбапе би се согласил да пристигне во Каталонија ако главната цел и желба му е да заигра за Реал Мадрид.

Scroll to Top