Приоритет на спортскиот директор на Барселона во летниот преоден рок ќе биде да донесе квалитетен напаѓач во тимот, кој ќе му биде конкуренција на Роберт Левендовски. Барселона, во јануари за 40 милиони евра го донесе 9-годишниот Бразилец, Виктор Роке, но тој не се снајде во Примера и ќе биде испратен на позајмица.
Како што пренесуваат островските медиуми, Џоан Лапорта, Деко и луѓето од стручниот штаб го следата Дарвин Њуњез од Ливерпул.
Се чини дека тие се обидуваат да го искористат неговото незадоволство во последно време. На последните два натпревари, Уругваецот одигра 11 минути против Вест Хем и 15 минути против Тотенхем.
Ова го натера да ги избрише сите негови фотографии во дресот на Ливерпул на Инстаграм. Останаа само приватните, семејните од периодот кога настапуваше за Бенфика или кога беше во уругвајската репрезентација.
Проблемот за Барселона е што тој е под договор со Ливерпул до 2028 година, но добро е што би му платиле четвртина од она што сега го заработува Левандовски на неделно ниво.
Нуњес оваа сезона постигна 18 гола со 13 асистенции.