Барселона во летниот преоден рок ќе ангажира нов голман, кој треба да му биде замена на Марк-Андре Тер Штеген. Потегот на Каталонците е очекуван бидејќи Јаспер Силесен ќе го напушти клубот.
Изборот на Барселона е 22-годишниот Андре Онана. Камерунецот оваа сезона пружа одлични партии во Ајакас.
Интересно, Онана во 2015 година го замени Силесен на голот на Ајакс, кога тој направи трансфер на „Ноу Камп“.
Онана пред девет години бил во младинската школа на Барселона, а го открил неговиот славен сонародник Самуел Ето.
„Вистина е. Не е никаква тајна дека Барселона покажуваат интерес за него“, рекол менаџерот на голманот, Алберт Ботинс.
Покрај Барселона, интерес за Онана, кој е проценет на 20 милиони евра, покажувале и три клуба од Лондон: Тотенхем, Арсенал и Вест Хем.