Top Sport

Барселона скаутира играчи на Интер, Наполи и Монако

Фудбалскиот клуб Барселона во наредните два преодни рока планира да го засили тимот со двајца дефанзивци и еден офанзивен играч од средниот ред.

Според шпанските медиуми, Барселона во изминатиот период ги скаутирала дефанзивците на Интер и Наполи, Милан Шкринијар и Калиду Кулибали, бекот на Лајпциг Диоте Упенекан и крилниот фудбалер на Монако, Тома Лемар.

Барселона мора да донесе замени за ветеранот Хавиер Маскерано, кој доби дозвола да го напушти клубот, кога ќе најде клуб и за Томас Вермален, кој има проблем со честите повреди.

Тома Лемар треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред, а и да биде алтернатива за Осман Дембеле, играч кој е платен 130 милиони евра, но кој по само неколку натпревари се повреди и неговото враќање во клубот го очекуваат во јануари.

Scroll to Top