Top Sport

Барселона со нов заем од „Голдман Сакс“!

Барселона ја удвои позајмицата од банката „Голдман Сакс“, но нема да може да ги користи новите средства за трансфер на фудбалери ова лето, туку тие ќе бидат фокусирани на обнова на легендарниот стадион „Ноу Камп“, објавува „Гол“.

Американскиот банкарски гигант првично им даде на Барса 815 милиони евра за реновирање на стадионот и околинта, по што минатата година новиот претседател Жоан Лапорта го зголеми на 1.5 милијарди евра. Поради пандемијата на КОВИД-19, каталонскиот клуб не можеше да ја исплаќа ратата, и сега направија одложување на исплатата на 180 милиони евра до февруари 2023.

Барселона поради неможноста да регистрира нови играчи бидејќи не ги исполнува правилата на Ла лига минатото лето дозволи Лионел Меси да замине од клубот по крајот на договорот. Сепак, во јануарскиот преоден рок, тие беа активни и во клубот ги донесоа Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг.

Scroll to Top