Top Sport

Барселона со нови дресови, инспирирани од Каталонија (фото)

Фудбалскиот клуб Барселона ја претстави четвртата гарнитура дресови за оваа сезона, инспирирани од каталонското знаме.
Новите дресови ги претстави Серхи Роберто.

„Толку години го чувствуваме тоа, и 120 години тоа го носиме во себе“ – се вели во рекламниот спот за новиот дрес.
Барселона е главниот град во автономната заедница Каталонија, на североистокот на Шпанија.

Во последните неколку години Каталонија ги интензивираше обидите да се отцепи од Шпанија, а ФК Барселона неретко ги поддржува настојувањата за каталонската влада.

Scroll to Top