Барселона денес гостува кај Уеска во Ла Лига, тренерот Ернесто Валверде на последно пласираниот тим ќе му се спротивстави со „шарен“ состав. Барселона практично ја обезбеди титулата во домашното првенство, а бидејќи во вторник го играат реваншот со Манчестер Јунајтед, тренерот реши да ги одмори најважните играчи.
Шестмина од стартниот состав на Барселона воопшто нема да бидат со тимот во Уеска. Лео Меси ќе одмори бидејќи доби удар во лицето на дуелот со Јунајтед, а во Барселона ќе остане и Серхио Бускетс на кого му е потребен одмор.
Иван Ракитиќ е болен, а Серхио Роберто има проблеми со бутниот мускул на левата нога. Поради суспензии овој меч ќе го прескокнат Џерар Пике и Луис Суарез.
Натпреварот во Уеска ќе започне во 16.15 часот.