Top Sport

Барселона за 15 минути го скрши Бетис (Видео)

Барселона го продолжува походот кон шампионската титула во Ла Лига откако во 20.коло, во Севилја, го декласира Бетис со 5:0.

„Балуграна“ ја забележа 17.победа во првенството и го искисти вчерашниот кикс на Атлетико, 1:1 против Џирона,па сега на врвот има 11 бода повеќе од „јорганџиите“, односно натпревар повеќе и плус од 19 бода во однос на најголемиот ривал Реал кое е на четвртото место.

Првиот дел на натпреварот не навести дека Бетис ќе доживее дебакл, бидејќи на полувреме беше 0:0.

Прашањето на победникот Барселона го реши за само 15 минути во периодот од 54. до 69.минута кога голови постигнаа Ракитиќ, Меси и Луис Суарез. До крајот на натпреварот уште по еден гол постигнаа Маси и Суарез. Аргентинецот веќе има 19 гола оваа сеозна во Ла Лига.

Scroll to Top