Барселона беше на работ на првиот пораз во Ла лига оваа сезона, пред со неверојатен кам-бек да успее да извлече 2:2 реми на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“ кај расположената Севилја.
Тимот на Винченцо Монтела до 88. минута од мечот имаше предност од 2:0 и го најави првиот пораз на Барселона во Ла лига оваа сезона, и првиот во Шпанија од поразот во купот од Еспањол од 1:0 (Блауграна на крајот го доби тој двобој).
Франко Васкез во 36. минута донесе водство за Севилја, а Луис Муриел го удвои водството во 50. минута од мечот. Кога изгледаше дека сѐ е загубено за Барса, прво Луис Суарез во 88. минута, а потоа и Лео Меси (кој инаку влезе во игра во 70. минута) на асистенција на Филип Кутињо, донесоа поен за гостите.