Претседателот на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, за „ЕСПН“ рекол посакува еден ден во клубот да се врати Пеп Гвардиола.
Гвардиола е еден од најуспешните тренери во историјата на каталонскиот клуб. Тој, во периодот од 2008 до 2012 година, освоил 14 титули, вклучувајќи и две во Лигата на шампионите.
„Гвардиола секогаш, кога позицијата ќе биде испразнета, ќе биде кандидат за тренер“, рекол Бартомеу.
Желбата да се врати на „Ноу Камп“ не ја крие ниту Гвардиола, но доколку се случи тоа тој посакува да има поинаква улога. Неодамна изјавил дека тренерската кариера би сакал да ја заврши на местото каде што ја започнал, во младинската школа на Барселона.