Претседателот на Барселона Џозеп Бартомеу, рекол дека Лионел Меси никогаш нема да го напушти клубот. Меси, во јуни ќе наполни 32 години, а актуелниот договор со Барселона му истекува во 2021 година.
Меси игра неверојатно оваа сезона (48 натпревари, 46 гола), а фудбалскиот свет се уште зборува за неговата игра на мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите.
„Можеби ќе игра и на 45 години, никој не може да го знае тоа? Знаеме дека ќе игра уште три, четири или пет сезони, не знаеме точно уште колку, но може да игра додека тој сака. Ние сме подготвени имаме играчи какви што се Дембеле, Артур, Ленгле, тие ќе бидат тука да го градат тимот кога Меси ќе престане да игра. Сигурен сум дека е далеку денот кога тој повеќе нема да е во тимот. На сите што тренираат со него им велиме да ја искористат секоја минута со него“, рекол Бартомеу и дополнил дека Аргентинецот нема намера да замине од Барселона.
„Рано е е да разговараме на таа тема. Тој ќе остане со нас. Тој е човек на овој клуб. Секогаш говорам за Пепе, кој целата кариера беше во Сантос. Лео му припаѓа ана светот на фудбалот, а исто така целиот свој живот е во Барса. Тој е човек за еден клуб и никогаш нема да замине. Ќе престане да игра фудбал, но секогаш ќе биде со нас“.