Top Sport

Бартомеу со писмо го отпуштил Сетиен

Поранешниот претседател на Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, му испратил писмо на Кике Сетиен во кое го известил дека повеќе нема да биде тренер на првиот тим. Сетиен, пред една година беше именуван за тренер на Барселона, а доби отказ по завршувањето на сезоната и катастрофата која ја доживеа Барса од Баерн во Лигата на шампионите.

Бартомеу пред една година, најави дека Сетиен е идеален тренер на Барса, дека тој ќе ја следи филозофијата на Јохан Кројф и дека ќе ги форсира играчите од клупската академија.

Осум месец подоцна, Бартомеу по писмен пат му врачил отказ и го известил дека нема да биде исплатен.

Детали од писмото откри новинарот Ману Карењо.

Бартомеу во писмото напишал дека Сетиен никогаш и не бил тренер, туку дека целата работа наместо него ја вршел помошникот Едер Сарабија. Исто така го потсетил дека поразот од Баерн (2:8) е најтешкиот во историјата на клубот, дека Барселона испаднала во четврт-финалето во Купот на Кралот, иако во последните десет години осум пати играле во финалето

Поради лошите резултати, Бартомеу му порачал дека нема да му бидат исплатени преостанатите плати, поради што Сетиен поднесе тужба против Барселона.

Scroll to Top